Центар за континуирана медицинска едукација

Адреса: Медицински факултет, ул. “50 Дивизија” 6, 1000 Скопје, Р. Македонија
Ел. пошта: contact@kme.mk
Раководител на Центарот: проф.др.Кузмановска Дафина
Тел: 071222851
Технички секретар на центарот: Сузана Станковска дипл. социолог
Тел: ++38923147523

Медицинскиот факултет во Скопје врши континуирана медицинска едукација (КМЕ), како програм на перманентно образование и усовршување во здравството. КМЕ се обавува во Центарот за континуирана едукација. Со одлука на ННС, Центарот е формиран на 15/03/2012 год. Стратешкиот менаџмент го води Деканот на Факултетот. Со Центарот раководи раководителот на Центарот. Центарот има Одбор и едукативни тимови, во зависност од темата. Претседателот на одборот е раководител на Центарот.Стручните и административните работи ги врши техничкиот секретар на Центарот. За потребите на Центарот на раполагање е и стручната служба на Факултетот.

Активности на Центарот се:
• Иницијација и развој на систем на КМЕ на Медицинскиот факултет Скопје;
• Популаризација на идејата за КМЕ;
• Организација на стручно-научни собири (семинари, работилници, школи и сл);
• Здравствена едукација;
• Воспоставување на интердисциплинарна академска, научна и стручна соработка со други центри во земјата и странство;
• Вклучување во интернационалниот систем на КМЕ кој на различни начини функционира во сите земји низ светот;
• Соработка во меѓународни проекти во областа на КМЕ;
• Спроведување на други едукативни активности поврзани со развој на здравството, медицинските науки и Факултетот;
• Формирање на заеднички систем на КМЕ, лиценцирање и акредитација во соработка со Лекарската Комора на РМ;
• Доставување на предлог на годишна програма за активностите на КМЕ на Наставно-научниот совет.

Центарот за КМЕ има Одбор а работата е регулирана со Правилник за организирање и спроведување на континуирана медицинска едукација.

-> Елаборат за организација на центарот за КМЕ
-> Одбор на центарот
-> Предлог правилник